Дома Фудбал Останато Занети за уникатниот Тарибо Вест: Зошто „исчезнал“ на еден месец и како ги оставил гладни на неговиот роденден

Занети за уникатниот Тарибо Вест: Зошто „исчезнал“ на еден месец и како ги оставил гладни на неговиот роденден

Кристијан Виери во живо на Инстаграм деновиве се пушта со разни соговорници, а последен во низата беше легендарниот Хавиер Занети.

Занети беше соиграч со Виери во Интер, меѓутоа тој помина многу повеќе време во сино-црниот дрес. Во нивниот разговор Занети раскажа анегдота со еден од најчудните фудбалери во историјата, Тарибо Вест.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тарибо во Интер помина две сезони, а најмногу се памети по тоа што дојде директно од Милан.

„Се сеќавам еднаш го немаше цел месец. Тоа беше цел јануари, никој во клубот не знаеше каде е, а тој се појави на 1. ви февруари. Кога дојде ми кажа: Капитену, јас се оженив и во мојата земја се добива еден месец слободен за стапување во брак. Беше навистина уникатен. Во една прилика не повика на роденден. Отидовме кај него и тоја се молеше 2-3 часа, потоа стана и ни кажа: Можете да си одите, роденденот заврши. Сите останавме гладни“, низ насмевка раскажа Занети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дани Алвеш пред два месеци излезе од затвор, а сега отвори фирма

Само два месеци откако беше пуштен од затвор по казната од четири и пол години затвор за с…