Како што сега стојат работите Лионел Меси е поблиску до заминување од Пари Сен Жермен, отколку до продолжување на договорот.
Многу се шпекулира за можната нова дестинација на Меси, а Барселона засега е во преден план поради поврзаноста на Аргентинецот со каталонскиот гигант. Но, прашање е колку условите и актуелната ситуација овозможуваат враќање на Меси во Барселона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Проблем може да направи и случајот „Негреира“ поради кој Барселона е под истрага од УЕФА и се споменува можна забрана за настап во европските натпреварувања, а во таков случај шансите за враќање на Меси се речиси „нула“.
Наводно, Интер будно ја следи ситуацијата, а клучот го држи Хавиер Занети. Не е тајна дека Занети и Меси имаат одлични односи, а Интер се надева дека може да ја искористи таа аргентинска врска.
На „Меаца“ се свесни дека Барселона засега има предност во ваквата трка, меѓутоа поради споменатите ситуации Каталонците можат да се соочат со проблеми.
Дел од аргентинските медиуми денес објавија дека Интер спрема понуда за Меси и ќе ја испрати ако дефинитивно пропадне можноста да се врати во Барселона.
Меѓутоа проектот кој Интер ќе му го претстави на Меси сигурно дека треба да биде голем и амбициозен затоа што само така би можеле да парираат на ПСЖ кој е финаниски многу повеќе моќен.