Дома Трансфер зона Замената за Реина на прегледи: Анчелоти доби голман од 35 милиони евра

Замената за Реина на прегледи: Анчелоти доби голман од 35 милиони евра

Изгледа дека готова е приказната кога се работи за новиот голман Наполи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Карло Анчелоти избра нов голман за наредната сезона.

Пепе Реина како слободен играч се пресели во Милан, Наполи од моментот кога беше информиран тргна во потрага по нов чувар на мрежата и сега изгледа работата е завршена.

Нов голман на Наполи ќе биде младиот 21 годишен, Алекс Мерет.

Станува збор за голман кој бранеше за Удинезе и младата репрезентација на Италија, а вредноста на трансферот изнесува 35 милиони евра.

Претходната сезона ја помина како позајмен играч во редовите на СПАЛ, но поради повреда одигра само 13 натпревари.

Медиумите тврдат дека е забележан на клиниката во Рим каде што ги завршува лекарските прегледи, но не сакал да разговара со новинарите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…