Дома Фудбал Италија Завршени прегледите на Дибала и Мората: Познато кога се враќаат на терените

Завршени прегледите на Дибала и Мората: Познато кога се враќаат на терените

Јувентус вчера успеа да ја победи Сампдорија, но во овој натпревар повреди доживеаа двајцата напаѓачи, Паоло Дибала и Алваро Мората.

Дибала во солзи го напушти теренот после 20 минути игра откако претходно се запиша во листата на стрелци и и се мислеше дека неговата повреда е посериозна. Утрово во медицинскиот центар на Јувентус на двајцата им беа извршени детални прегледи.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Дека нема да бидат на располагање за натпреварот во среда против Челзи во Лигата на шампионите и претходно беше јасно, Алегри веројатно на нивно место ќе ги користи Кулушевски и Моис Кин.

За среќа повредата на Дибала не е толку сериозна и како и на Мората. Според најавите на Ромео Агрести, новинар кој важи за добро упатен со случувањата во Јувентус Алегри ќе ги има располагање по репрезентативната пауза која е закажана на за првата недела од октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се појави првиот фаворит за наследник на Милевски!

Македонската фудбалска репрезентација доживеа дебакл од Велс, а по овој пораз во јавноста …