Дома Фудбал За колку пари навивачите на Барселона ја „продадоа“ својата верност?

За колку пари навивачите на Барселона ја „продадоа“ својата верност?

Барселона вчера на свој терен беше поразена од Ајнтрахт Франкфурт со 3:2 и така испадна од Лигата на Европа. Меѓутоа она за што најмногу се зборува по натпреварот е ситуацијата со навивачите на германскиот тим.

На трибините на „Камп Ноу“ имаше околу 30.000 фанови на Ајнтрахт и тоа е чудно затоа што според правилата на УЕФА гостинскиот тим има право на околу 5.000 влезници. Лапорта и Чави се изненадени и не им е сеедно што Каталонците се доведоа во таква ситуација, клубот отвори и истрага.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Многу очигледно е дека станува збор за препродажба на карти затоа што тешко дека имало некаков друг начин толку навивачи на Ајнтрахт да успеат да влезат на стадионот. Навивачите на Барселона одлучиле да заработат и во шпанските медиуми се пренесува дека цената на една влезница изнесувала околу 500 евра.

Низ социјалните мрежи веќе се упатуваат критики кон оние кои се одлучиле да го „предадат клубот“. Наводно, најмногу препродавале навивачите кои имале сезонски влезници. Инаку, една сезонска влезница за навивачите на Барселона изнесува околу 160 евра.

Веќе е најавено дека навивачите кои ќе бидат идентивикувани во препродажбата на влезниците ќе добијат доживотна забрана за купување на сезонски влезници за натпреварите на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…