Најскапото засилување во историјата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс не е задоволен од односот на тренерот Диего Симеоне.
Младиот Португалец четврт меч по ред остана на клупата за резерви, а синоќа против Бриж долго време се загреваже и се надеваше дека ќе влезе во игра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога Феликс виде дека нема да влезе во игра тој јавно го покажа своето незадоволство на клупата.
Денес шпанските медиуми пренесуваат дека Феликс е огорчен од ситуацијата и побарал да го напушти клубот во јануари.
Атлетико нема да се противи и ќе му дозволи да замине доколку пристигна добра понуда.
🚨 João Félix wants to leave Atlético Madrid in January after the World Cup!
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 13, 2022
(🗞️ @partidazocope) pic.twitter.com/V9zMeLMMw7