Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс игра на позајмица во Челзи до крајот на сезоната, а потоа ќе се врати во Атлетико Мадрид.
Феликс сакаше да ја промени средината, па Атлетико се согласи да го пушти на позајмица, но без дефинирана опција за откуп на крајот на сезоната.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Челзи сака да го откупи и ќе има предност во преговорите, но самиот фудбалер се предомислува да остане на „Стенфорд Бриџ“ бидејќи сака да игра во Лигата на шампиони.
Сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Манчестер Јунајтед, кој сака да го „украде“ пред носот на „сините“ и е спремен да плати 80 милиони фунти за неговиот потпис.