Дома Видео Жестока тепачка помеѓу играчите по крајот на француското дерби

Жестока тепачка помеѓу играчите по крајот на француското дерби

Во големото француско дерби одиграно на Велодром, Лион со 3:2 синоќа го победи Марсеј.

Голот на одлука го постигна Мемфис Депај во 90 минута, а откако судијата означи крај дојде до жестока тепачка на патот кон соблекувалните.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во физичката пресметка учествуваа членовите на стручните штабови и играчите, а во тој момент беше невозможно да се спречат. После неколку минути сепак страстите се смирија.

Иако Марсеј поведе со 1:0 на крајот загуби со 3:2. Со таа победа Лион на Марсеј му се доближи само на два бода, па борбата за ЛШ до крајот ќе биде пеколна.

До крајот на првенството во Франција остана уште осум кола, а ПСЖ е на чекор до титулата со 83 освоени бодови.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Иван Јуриќ добива отказ, познато е кој ќе ја води Аталанта во продолжението на сезоната!

Аталанта загуби 3:0 од Сасуоло на свој терен попладнево и тоа беше капката што ја прелеа ч…