Дома Трансфер зона Жервињо пред враќање во Европа и тоа во Серија А

Жервињо пред враќање во Европа и тоа во Серија А

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Рома би можел да се врати во Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесува Џанлука Ди Марцио 31 годишниот напаѓач се наоѓа на чекор од трансфер во редовите на Парма.

Жервињо вниманието на себе го привлече во 2011 година кога Арсенал Венгер го доведе во Арсенал, за после две сезони на „Емирати“ да премине во Рома.

На „Олимпико“ се задржа три години и на 88 официјални настапи постигна 26 погодоци.

Потоа во 2016 година замина на Далечниот исток, потпиша за кинескиот Хебеи, но набрзо доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото.

Сега според ситуацијата се враќа во Европа и ќе заигра за повратникот во италијанската елита.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…