Дома Трансфер зона Ердал Ракип има нов клуб

Ердал Ракип има нов клуб

Поранешниот македонски репрезентативец, Ердал Ракип е промовиран во новиот клуб.

Фудбалерот од средниот ред го напушти шведски Малме и како слободен агент се придружи на Анталијаспор, клуб со кој потпиша договор на 2.5 години.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Договорот на Ракип со Малме истече на крајот од 2022 година и не беше продолжен. Се шпекулираше за можен трансфер во Англија, но на крајот сепак продолжи во Турција.

„Очекувам успешен период во мојата кариера. Од првиот ден кога дојдов тука се чувствувам навистина убаво.

Подготвен сум да дадам свој придонес за тимот да има што подобри резултати“, изјави Ракип.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…