Повремениот репрезентативец на Македонија, Енур Тотре кариерата ја продолжи во турската втора лига во редовите на Сакаријаспор.
Тотре во овој клуб пристигнува откако му заврши соработката со Ворскла и договорот со Сакаријаспор го постигна во последниот ден од преодниот рок.
Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓
Претходно во кариерата 27-годишниот Тотре играше за Шкендија во Македонија и Тирана во Албанија. За сениорската репрезентација на Македонија има три настапи, а претходно беше стандарден во младинските категории.
Коментари