Дома Фудбал Енрике: Клубот е поголем од Меси, Барса ќе освојува трофеи и без него!

Енрике: Клубот е поголем од Меси, Барса ќе освојува трофеи и без него!

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике ја коментираше ситуацијата со Лионел Меси во Барселона.

Поранешниот тренер на Каталонците тврди дека секој клуб е поголем од поединците и смета дека Барселона ќе продолжи да освојува трофеи и без Меси.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Станува збор за многу деликатна тема, но сега ќе се огласам. Клубовите сегакош се над се и над секого. Вистина е, Лео направи Барселона многу да напредне, но ќе бидам искрен. Ќе беше многу подобро ако се постигнеше договор меѓу двете страни“, истакна Енрике.

„Порано или подоцна, Меси ќе престане да игра за Барса. Би било добро да имате меѓусебна благодарност, како и попријателска ситуација. Ќе биде жално денот кога тој ќе замине. Нема да гледаме одличен играч, но клубот ќе продолжи да освојува трофеи без Меси, а Меси ќе продолжи да биде неверојатен уште многу години ако замине“, заклучи Енрике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Фалангата“ издоминира: Во Копенхаген денеска ечеше македонска песна! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го игра натпреварот против Данска во Копе…