Дома Фудбал Емотивна порака од мајката на Агуеро: Животот те става на уште еден тест, никогаш не губи надеж сине!

Емотивна порака од мајката на Агуеро: Животот те става на уште еден тест, никогаш не губи надеж сине!

Вчера Барселона излезе со соопштение за здравствената состојба на Кун Агуеро откако Аргентинецот се пожали на болки во градите и отежнато дишење во натпреварот со Алавес.

Агуеро ќе биде надвор од терените најмалку три месеци, а во тој период Барселона преку терапии ќе ја следи неговата состојба и ќе биде одредени дали е потребна и подолга пауза.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По објавувањето на лошите вести со емотивна објава се огласи мајката на Агуеро.

„Никогаш работите за тебе не беа лесни. И кога беше дете секој нов чекор носеше некакви компликации, нешто постојано те тераше да се откажеш од соништата. Животот сега уште еднаш те става на тест кој верувам дека ќе го надминеш како се во минатото. Ти никогаш не се предаваш, знаеш дека секогаш ќе бидам покрај тебе за се што треба, исто како и сите во семејството. Никогаш не губи верба и надеж, те сакам сине“, порача мајката на Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…