Дома Фудбал Останато Емери со информации за тоа кога Нејмар ќе се врати на теренот

Емери со информации за тоа кога Нејмар ќе се врати на теренот

Одличниот Бразилец Нејмар доби фрактура на метатарзалната коска во натпреварот помеѓу ПСЖ и Марсеј во февруари..

Веста за неговата повреда тешко им падна на навивачите на ПСЖ кои тогаш се уште се надеваа дека ќе поминат во четвртфиналето од Лигата на Шампионите во дуелот со Реал. Загрижени се и Базилците кои започнаа да се плашат дека на Мундијалот во Русија би можеле да си одат без најголемата ѕвезда или дека Нејмар Светското првенство би можел да го дочека целосно неподготвен.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Нејмар беше опериран во родниот Бразил, а се претпоставуваше дека неговото закрепнување ќе биде за само 10 или 15 дена пред почетокот на Мундијалот, што би оставило многу малку време за воигрување и враќање, во каква-таква форма. Сепак, тренерот на ПСЖ денеска соопшти вест која би можело да ги израдува сите симпатизери на бразилската селекција.

Имено, Унаи Емери рече дека Нејмар уште сега е многу блиску до целосно опоравување и дека би можел да се врати на теренот и пред крајот на сезоната во француската Лига 1, пред средината на мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…