Дома Фудбал Англија Емери е пред отказ, а тој го тврди спротивното

Емери е пред отказ, а тој го тврди спротивното

Емери наводно се наоѓа на чекор од отказ во Арсенал.

Шпанскиот стручњак со Топџиите бележи слаби резултати и тоа според англиските медиуми го донесе од чекор до отказ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Раководството на Арсенал наводно е многу блиску до одлука за отказ. Сето тоа треба да се заврши многу брзо, а привремено улогата на менаџер треба да ја превземе Фреди Љумберг.

Неколку имиња се поврзуваат со тренерското столче во Арсенал, а за сега главен фаворит е актуелниот менаџер на Волвс, Нуно Еспирито Санто.

И додека англиските медиуми тврдат дека тој е близу до отпуштање, Емери тврди дека има поддршка.

„Клубот навистина ме поддржува, апсолутно сите. Јас навистина го ценам тоа“, рече Емери.

Сепак, ќе видиме што ќе се случува во наредните денови, а сигурно е дека на шпанскиот менаџер не му се пишува добро ако продолжи со серијата лоши резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крај на сагата? Влаховиќ прифати услови во новиот клуб

Трансфер сагата наречена Душан Влаховиќ продолжува! Јувентус веќе подолго време сака да се…