Шпанскиот „Ел Чирингуито“ пишува дека Серхио Рамос (34) сигурно ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната по истекот на неговиот договор.
Добро известената ТВ куќа тврди дека нема шанси односот помеѓу Реал и Рамос да се поправи. Информацијата е објавена околу два часот после полноќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
💣"RAMOS SE VA. No hay marcha atrás"
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) February 15, 2021
🚨¡ATENCIÓN a @jpedrerol en #ChiringuitoRamos! pic.twitter.com/BOJrC2JFlW
Реал со својот капитен преговара со месеци и двете страни се далеку од договор. Реал на играчите постари од 30 години не им дава договор подолг од една година и таа политика клубот не сака да ја промени и кога Рамос е во прашање.
Така Рамос би можел после 16 години да го напушти Реал бесплатно и за него се заинтересирани бројни европски гиганти ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул…