Дома Фудбал „Ел Класико“ е прилика за нови рекорди: Кој утре може да испише историја?

„Ел Класико“ е прилика за нови рекорди: Кој утре може да испише историја?

Утревечер од 20:00 часот се игра големото шпанско дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид.

Иако можеби ниту едните, ниту другите не се на ниво на какво што знаат да бидат утрешниот натпревар привлеува огромни внимание.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ќе биде тоа ново „Ел Класико“ и прилика за нови рекорди кои често се рушат. Меси утре ќе се изедначи со Чави и ќе игра во своето 42. „Ел Класико“ исто толку настапи имаат и играчите на Реал, Паско Геното и Маноло Сакис.

Кога во прашање се головите и асистенциите, Меси има 26 голови и 14 асистенции на 41 натпревари. Најблиску до него се поранешните фудбалери на Реал, Ди Стефано и Роналдо со 18 голови.

Меси е и еден од петте играчи кои успеале да постигнат два хет-трика во дерби натпреварите со Барса и Реал. Претходно тоа им успеало на: Луис Суарез, Џејми Лазкано, Сантијаго Бернабеу, Паулињо Алкантара и Ференс Пушкаш.

Рекордот за најбрз гол во средбите помеѓу овие два тима го држи Карим Бензема кој во декември 2011 година го постигна најбрзиот гол во историјата на „Ел Класико“ матирајќи го голманот на Барса после само 21 секунда.

Тој рекорд би можел да биде нов предизвик за Меси, но тешко е да се очекува дека Аргентинецот ќе погоди толку брзо. Меси е рекордер и со тоа што е најмлад стрелец во овие натпревари. Тоа го направи на само 19 години и осум месеци.

Од друга страна тој рекорд би можеле да го срушат Родриго (18) или Винисус (19 и пет месеци), како и соирачот на Меси, Ансу Фати (17 години).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…