Дома Фудбал Останато Еквадор може да биде исфрлен од Мундијалот: Објавени докази за фалсификат

Еквадор може да биде исфрлен од Мундијалот: Објавени докази за фалсификат

Фудбалскиот сојуз на Чиле побара истрага од ФИФА за настапот на Бајрон Кастиљо за оваа селекција бидејќи тврдат дека десниот бек не е роден во Еквадор, туку во Колумбија.

Тоа не е единствениот проблем со неговиот извод од матична книга на родените бидејќи постои тврдење дека не е роден 1998 година, туку три години порано.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Според достапните информации и документи, сметаме дека изнесените факти се многу сериозни и дека ФИФА мора внимателно да ги истражи. Истрагата спроведена во Еквадор утврди дека има неправилности во изводот од матичната книга на родените што го доставил играчот, а Националната дирекција од граѓанскиот регистар соопштија дека овој документ не постои во нивните архиви и укажаа на други слабости во документот што укажува дека се работи за фалсификат“, се вели во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Чиле.

Британскиот весник „Дејли мејл“ дојде до документи и аудио снимки од 2018 година на кои Бајрон Кастиљо признал дека фалсификувал документи во договор со првиот човек на Фудбалската федерација на Еквадор. 

ФИФА го разгледува случајот и може да го суспендира Еквадор од Светското првенство, а Чиле се надеваат дека ќе го заменат Еквадор на СП.

Кастиљо играше во двата меча меѓу двете репрезентации, а Чиле освои само еден поен. Ако добијат службени 3:0 победи, тие ќе скокнат од седмото на четвртото место на табелата во квалификацискат група, пред Перу поради подобра гол-разлика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Медицинско чудо: Џуд Белингам веќе е готов за игра

Џуд Белингам веќе е целосно закрепнат и може да биде искористен од Чаби Алонсо во натпрева…