Дома Македонски спорт Мак фудбал Еден од најдобрите стрелци во мак-фудбалот ја заврши кариерата

Еден од најдобрите стрелци во мак-фудбалот ја заврши кариерата

Со завршувањето на сезоната 2023/24 официјално заврши професионалната кариера на еден од најдобрите стрелци во мак-фудбалот. Борче Маневски одлучи да ги „закачи копачките на клин“ и да започне тренерска кариера.

38-годишниот Маневски заминува во пензија со голема трага во македонскиот фудбал, настапувајќи за Пелистер, Победа, Работнички, Вардар и Милано Куманово.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Зад себе Маневски има богата кариера и интернационални настапи во Балкани (Косово), Пемброк и Балзан (Малта), Чаинат и Трат (Тајланд), Банат Зрењанин (Србија) и Горник Лехна (Полска), а исто така забележа и четири настапи за сениорскиот тим на Македонија. Во продолжението од кариерата Маневски ќе биде помошник во Пелистер.

Битолскиот клуб најави и дека во наредниот период ќе организира ревијален натпревар со кој ќе го испрати Маневски во пензија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…