Јули Тилеманс ја одби понудата на Лестер за нов договор, пренесуваат медиумите на Островот.




Актуелниот договор на Белгиецот истекува во 2023 година, но 24-годишниот играч за врска сака да направи чекор напред во кариерата.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
За него силен интерес покажувата неколку европски гиганти, пред се Ливерпул и Манчестер Јунајтед.




Клоп го сакаше Тилеманс уште минатото лето бидејќи во него гледа идеален наследник на Вајналдум.




Манчестер Јунајтед исто така веќе спрема понуда за Белгиецот, а интерес за него покажуваат уште Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.




Тилеманс на лето ќе влезе во последната година од договорот и се очекува голема битка за неговиот потпис.