Роналд Куман после серијата слаби резултати доби отказ на „Гудисон Парк“, а раководството на Евертон се уште трага по неговата замена.
Давид Унсворд е поставен како вршител на должност, голем број на тренерски имиња се поврзуваат со клубот од Ливерпул, но се уште не е пронајдено решение.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Последните информации од англиските медиуми велат дека изборот паднал на тренерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто.
Португалецот минатата сезона го предводеше Порто, не успеа да направи поголем успех со „змаевите“, па остана без работа. Меѓутоа, неговиот менаџер Жорге Мендеш експресно му најде нов клуб, па сега одлично го предводи Вулверхемптон во Чемпионшип.
Еминентниот новинар, Гилем Балаге пренесува дека раководството на Евертон навистина го контактирало Португалецот, но се уште не е донесена конечна одлука.
Everton have contacted Nuno as ONE OF the potential candidates to replace Koeman. His agent Jorge Mendes is listening, no decision made yet pic.twitter.com/teRN5nOQ8d
— Guillem Balague (@GuillemBalague) November 1, 2017