Тимовите на Евертон и Арсенал и во меѓусебниот дуел потврдија дека се во лоша форма и одиграа досадно дерби без голови.
Двата тима за последен пат беа предводени од привремените менаџери, а Артета и Анчелоти немаа што да видат од трибините, бидејќи мечот завршио без голови.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Домаќините беа подобри во првиот дел, создадоа неколку шанси, но не успеаа да ја затресат мрежата на „топџиите“.
Во вториот дел двата тима играа претпазливо и се чинеше дека повеќе внимаваа да избегнат пораз, отколку да ги освојат трите бода.