Дома Фудбал Еве кој се пласираше во четвртфиналето на Лига Европа

Еве кој се пласираше во четвртфиналето на Лига Европа

Во четвртфиналето на Лигата на Европа се пласираа Бенфика, Милан, Марсеј, Вест Хем, Аталанта, Баер Леверкузен, Рома и Ливерпул. Денеска од 13 часот ќе се изврши ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето.

Фудбалерите на Баер Леверкузен на нестварен начин изборија пласман во четвртфиналето во Лигата на конференции.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Фармацевтите“ губеа од Карабаг 0:2, на крајот славеа со 3:2. Два гола во судиското надополнување на времето постигна Патрик Шик.

Во пресврт, но не толку драматичен, во четвртфиналето се пласираше и Аталанта, која во Бергамо го совлада Спортинг од Лисабон со 2:1, што заедно со 1:1 од првиот натпревар и беше доволно за пласман понатаму.

Брајтон ја победи Рома со 1:0, но италијанскиот тим се пласираше меѓу осуммте најдобри поради победата од 4:0 во првиот натпревар, додека Ливерпул ја победи Спарта Прага со 6:1 и се пласираше со вкупен резултат 11:2.

Претходно во четвртфиналето се пласираа и Марсеј, Бенфика, Милан и Вест Хем Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона, Арсенал и Наполи во трка за бразилското “чудо од дете”

Летниот трансфер период во Европа што го оставивме зад нас беше доста интересен, и на тран…