Лука Модриќ одигра брилијантно за Хрватска во вториот натпревар на ЕП, но одличната партија на капитенот не беше доволна за повеќе од 2:2 против Албанија, која израмни во петтата минута од судиското надополнување.
По дебаклот против Шпанија (0:3) и само бод со Албанија, Хрватска е во многу тешка ситуација пред последното коло. Тие треба да ја победат Италија во понеделник, но и да го направат тоа, не се сигурни дека ќе поминат во нокаут рундата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По новиот неуспех, Модриќ одговараше на прашања на новинарите во микс зоната на стадионот во Хамбург. Модриќ им одговори на хрватските новинари, но по едно новинарско прашање на шпански се налути и демонстративно ја напушти зоната.
На прашање на шпански, тој на хрватски одговори „Ајде, одиме“ и им се заблагодари на новинарите за прашањата и си замина.
Madrid Xtra, навивачки профил на Реал на X кој има 1,4 милиони следбеници, ја открива причината за гневот и заминувањето на Модриќ (38): „Новинарот го праша Модриќ дали решавачкиот меч за Хрватска ќе го игра помлад или постар играч“.