Кошаркарот на Голден стејт, Клеј Томпсон сака да остане во редовите на „воините“, но за да потпише нов петгодишен договор бара 190 милиони долари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
29-годишниот Томпсон преговорите со клубот од Оукленд ќе ги започне на 30 јуни кога се отвора пазарот за слободни агенти.
Претходно беше објавено дека Томпсон можеби ќе направи трансфер во Лос Анџелес Клиперс доколку Голден Стејт одбие да му понуди максимален договор.
За разлика од него, Кевин Дурант ја одбил опција за продолжување на договорот со екипата на Голден стејт во вредност од 31.5 милиони долари и ќе стане слободен агент, пренесуваат американските медиуми.