
Многу интересна приказна ни пренесува американскиот „CNBC“ и се однесува на Кевин Дурант, еден од најдобрите стрелци во историјата на кошарката.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Рич Клајман, агентот на славниот кошаркар, потврди за медиумите дека Дурант располага со големи пари во криптовалути. Сепак, има еден огромен проблем.
Кеј-Ди некаде ја изгубил лозинката.
„Работиме на пронаоѓање на лозинката на Кевин за неговиот профил на платформата ‘Coinbase’. Тој никогаш не ги продал криптовалутите што ги има, па нивната вредност сега е огромна. Биткоинот продолжува да расте, така што тоа е позитивно”, рече Клајман.