Шпанија и Норвешка одиграа одличен натпревар во 2. коло на ракометниот турнир на Олимписките игри.
Дербито на крајот им припадна на Шпанците кои победија со удар од седум метри.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Норвешка доминираше во првото полувреме и поведе со 1:5, па 2:6. Шпанија имаше проблем со пробивањето на противничката одбрана на стартот, сепак успеаа да се вратат во игра до крајот на полувремето и на пауза се замина со 13:14.
Вториот дел донесе нови возбудвања, во 39. минута Шпанија за првпат стигна до водство од 19:17. Во тие моменти одличен беше Коралес.
Кон средината на второто полувреме Норвешка дојде до изедначување на 21:21. Потоа следуваа три гола на Фернандез и нови добри минути на Коралес, па Шпанија дојде до 25:22. Норвешка не се откажа, па во последните моменти гледавме вистинска драма.
На 30 секунди до крајот Јондал изедначи од седум метри на 27:27, меѓутоа во последните моменти и Шпанците добија пенал. Го реализираше Абеља за конечни 28:27.
Треба да споменеме дека овој натпревар го судеа македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.