Дома Топ вести Драма во Шпанија: Фудбалер падна од трет спрат, мечот откажан!

Драма во Шпанија: Фудбалер падна од трет спрат, мечот откажан!

После шокантните вести за несреќата на фудбалерот Палеа Ново, се одложи мечот од втората шпанска лига помеѓу Хуеска и Албасете.

Имено, фудбалерот на Албасете Палеа Ново моменатлно се наоѓа во критична состојба откако падна од трет спрат на хотелот каде беше сместен заедно со остатокот од тимот пред гостувањето против Хуеска.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Се уште не е јасно што точно се случило, но познато е дека Ново паднал од прозор од третиот спрат на хотелот „Аба Хуеска“.

Ново веднаш бил пренесен во болницата во Зарагоза, а од Албасете соопштија дека 27-годишниот фудбалер е во тешка, но стабилна здравствена состојба.

„Нашиот фудбалер претпрпи исклучително тешки повреди во несреќата која се случи во хотелот каде беше сместена екипата. Тој моментално е во стабилна состојба“, сооптија од Албасете.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Коментаторите останаа во шок од сцената во Премиер лигата: Контроверзниот газда се симна на терен и го нападна тренерот (Видео)

Уште едно сопнување за фудбалерите на Нотингем Форест може скапо да се плати. Во неделата …