Репрезентацијата на Словенија во септември ја очекуваат нови натпревари во квалификациите за Светското првенство, но актуелниот европски шампион против Латвија и Турција ќе игра без својот најдобар кошаркар, Лука Дончиќ.
Дончиќ оваа година премина во Далас Маверикс и во овој момент се припрема за премиерната сезона во НБА лигата и поради тоа ќе ги пропушти натпреварите на Словенија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За својот потег ги извести соиграчите и комплетната јавност со отворено писмо на друштвените мрежи.
„Последните недели од моето доаѓање во Америка беа рингишпил на нови искуства. Тешко е да се опише со колкава желба чекам да излезам на паркетот за Далас Маверикс. Пред тоа сакам да го споделам она што го чуствувам со вас, со своите соиграчи, со своите браќа. Знам дека за мене нема поголема чест од играњето за татковината. Моите мисли се со вас кои се спремата за квалификациите за Светското првенство“.
„Иако не можам да бидам со вас сигурен сум дека одлично ќе ја завршите задачата. Едно од најважните достигнувања во мојот живот е што бев дел од првата и единствена екипа која и донесе злато на Словенија. Мојата намера е да бидам лидер во нашата следна борба на елитно ниво. Следниот месец ќе ве гледам и ќе навивам за вас. Покажете кој сте! Продолжете го она што заедно го започнавме! Набрзо ќе бидам со вас“, гласи писмото на Дончиќ.
❤️?? pic.twitter.com/8FbbkZ65ht
— Luka Doncic (@luka7doncic) August 31, 2018