И кога нема да одигра спектакуларен натпревар новиот миленик на Далас, Лука Дончиќ ја воодушевува американската јавност.
Дончиќ во рекордната победа на Далас против Јута од 50 поени разлика со резултат 116:68 придонесе со 13 поени, шест скокови, две асистенции, украдена топка и блокада.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фактот што ваквиот учинок на Дончиќ се опишува само со „доволен“, доволно зборува какви стандарди си постави Дончиќ самиот на себе.
Најдобриот потег од Дончиќ го видовме на почетокот на третата четвртина кога освои топка под кошот на Јута и тоа во дуел со двајца противници, Весли Метевсом и Руди Гоберт. Потоа со едно „лажно додавање“ успеа да се ослободи од францускиот џин (2.16) и актуелен носител на титулата најдобар НБА дефанзивец и најдобар блокер.