Словенија во своето деби на олимпискиот турнир ќе игра во полуфиналето, Дончиќ и друштвото ја победија Германија со 94:70.
Најзаслужни за победата беа Дончиќ и Горан Драгиќ, двајцата заедно уфрлија 47 поени. Од самиот старт најавија дека нема да ја пропуштат шансата за полуфинале, Германија парираше до средината на вториот период, а потоа на сцена стапи НБА тандемот на Словенија.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Како што одминуваше натпреварот прашање беше само со колкава разлика ќе победи Словенија.
Дончиќ беше блиску до трипл-дабл со учинок од 20 поени, 11 асистенции и осум скока. Драгиќ постигна 27 поени, а одличен беше и Тобеј кој стигна до дабл-дабл со 13 скока и 11 асистенции.
Кај Германија Ло и Гиги со 11, односно 10 поени беа единствени со двоцифрен број на поени.