Дома Фудбал Останато Доминација: Најдобар напаѓач, играч, дефанзивец, тренер, голман – само една награда не оди во Баерн!

Доминација: Најдобар напаѓач, играч, дефанзивец, тренер, голман – само една награда не оди во Баерн!

Баерн Минхен вечерва само ќе ја потврди доминацијата која ја имаше во минатата сезона.

Баварците во 2020 година освоија дури пет трофеи, а фантастичната година фудбалерите на овој тим ќе ја заокружат на вечерашната церемонија на која УЕФА ќе ги доделува наградите за најдобрите во Европа за изминатата сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европската куќа на фудбалот ќе подели шест награди и само една од нив нема да отиде кај играч на Баерн. Тоа е наградата за најдобар играч за врска во Европа. Таа ќе замине во рацете на Кевин Де Брујн од Манчестер Сити. Останатите награди ќе завршат во Минхен.

За најдобар играч ќе биде прогласен Роберт Левандовски, послкиот голгетер ќе ја добие и наградата за најдобар напаѓач. Најдобар голман е Мануел Ноер, а најдобар дефанзивец Џошуа Кимих. Исто така наградата за најдобар тренер ќе ја добие Ханс Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…