Кутињо е во центарот на вниманието, а додека се чека Бразилецот, раководството на Барселона денес договори друго засилување.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, од Каталонија пристигна потврда дека Јери Мина следната недела ќе пристигна во Барселона да го финализира трансферот.
Сите каталонсите медиуми потврдија дека трансферот е договорен и дека колумбискиот дефанзивец следната недела ќе пристигне на лекарски прегледи.
Барселона на Палмеирас за неговиот потпис ќе му плати 12 милиони евра плус бонуси, а Мина се очекува да биде замена за Маскерано и конкуренција во одбраната на Пике и Умтити.
Најславниот колумбиски фудбалер, Фаустино Асприља денен преку Твитер му го честиташе трансферот на Мина во Барселона.
Benvingut Yerry Mina a @fcbarcelona pic.twitter.com/jAyktObYgD
— Faustino Asprilla (@TinoasprillaH) January 4, 2018