Дома Фудбал Добри вести за Ливерпул, познато кога се враќа Фабињо

Добри вести за Ливерпул, познато кога се враќа Фабињо

Повредата на играчот на Ливерпул, Фабињо не е толку сериозна колку што се мислеше на почетокот, пренесуваат медиумите на Островот.

Фабињо имаше задача да го замени повредениот Ван Дајк, па е од исклучителна важност за Јирген Клол.

Англиските медиуми објавија дека Бразилецот најверојатно ќе се врати на терените после репрезентативната пауза на средината на ноември.

Тоа е добра прогноза, бидејќи првично се мислеше дека Фабињо може да паузира неколку месеци.

И во најдобар случај Бразилецот ќе пропушти неколку важни натпревари, со Вест Хем и Манчестер Сити во Премиер лигата и со Аталанта во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Баерн нема отстапки: Компани не смее ни да зборува за фудбал!

Белгискиот тренер се опоравува од менингитис, а неговите соработници добиле строга наредба…