Женската ракометна репрезентација на Македонија како ретко кога во последните десетина година деновиве беше во центарот на вниманието поради настапот на Европското првенство.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Македонија доби учество на Европското првенство како еден од домаќините заедно со Словенија и Црна Гора. Јавноста испрати голема поддршка до девојките и покрај трите порази.




Претседателот на Ракометната федерација Живко Мукаетов денес на брифингот со новинарите изрази задоволство.
„Горд сум на сето ова што сработевме, ова беше сериозен предизвик и верувам дека одговоривме на предизавикот. Горд сум што имавме и повеќе од 1000 волонтери во сите сегменти, сите тие придонесоа организацијата на овој настан да биде на највисоко ниво.




Посебно горд ме прави фактот што ракометарките станаа спортски симболи, а до пред ЕП ретко кој знаеше како изгледаат, сега се многу попознати во јавноста за фановите. Ова секако е еден голем плус во нашите обиди да го кренеме женскиот ракомет на повисоко ниво“, изјави Мукаетов.
Фото: РФМ