Репрезентативецот на Македонија, Ненад Димитријевиќ нема да игра во Евролигата следната сезона или во некое друго европско натпреварување затоа што одлучи кариерата да ја продолжи во Русија во тимот на Уникс Казан.
Валенсија го испрати на позајмица во редовите на Уникс Казан кој се натпреварува само во ВТБ лигата пораду суспензијата на руските екипи од европските натпреварувања. За десетмесечниот престој популарниот Нено во овој тим ќе добие 500.000 евра, односно 1.700 евра дневно.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Така тој влегува во друштво на најплатените македонски кошаркари на сите времиња заедно со Перо Антиќ, Петар Наумоски и Владо Илиевски кои се единствените кои ја добивале оваа или поголема сума.
Unics BC Kazan signing of Nenad Dimitrijevic 500k per season pic.twitter.com/QGQGaYeOZd
— Skywalker-Basket info (@InfoSkywalker) August 3, 2022