Дома Македонски спорт Мак баскет Димитријевиќ против Грузија ќе го имаме само на натпреварот во Скопје

Димитријевиќ против Грузија ќе го имаме само на натпреварот во Скопје

Селекторот Драган Бајиќ доби добра вест пред двомечот со Грузија за место во квалификациите за пласман на СП 2023.

Имено, Ненад Димитријевиќ севраќаво репрезентацијата и ќе настапи, меѓутоа само на натпреварот кој ќе се игра во Скопје на 27. овој месец во салата „Борис Трајковски“.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Димитријевиќ има проблем со грбот затоа имаше и скратена минутажа за Валенсија во шпанскиот куп. Поради таа повреда ќе му бидат потребни терапии па нема да биде целосно подготвен за гостувањето во Тбилиси.

Ќе потсетиме, Дамјан Стојановски по завршувањето на Купот на Македонија порача дека нема да биде на располагање на селекторот за овој двомеч. Од претходно е познато дека повреда има и Адем Мекиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…