Згодната италијанска водителка Дилета Леота повторно е сама, откако се разделила со нејзиното момче, така барем пишуваат италијанските медиуми поради нејзините активности на социјалните мрежи.
Дилета неодамна ја тргна заедничката фотографија со боксерот Даниеле Скардина, а тоа според медиумите е потврда дека нивната љубов повеќе не постои.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа што дополнително ги загрева шпекулациите е податокот дека Скардина заминал на одмор на Ибица сам, додека Дилета избрала одмор на Сицилија.
Тие двајца беа во врска од јули минатата година, кога фоторепортерите ги сликаа како разменуваат нежности на јахта.
Меѓутоа, италијанската воителка ја „запали“ јавноста поради соработката со Златан Ибрахимовиќ, па сега се шпекулира дека таа го оставила „Ѕверот“ токму поради Швеѓанецот.