Дома Фудбал Дешам: Тоа што се случува со Погба е тажно

Дешам: Тоа што се случува со Погба е тажно

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп на прес-конференцијата зборуваше за Пол Погба (30).

За потсетување, ѕвездата на Јувентус се соочува со суспензија од две до четири години доколку истрагата покаже дека е виновен откако неговиот допинг тест бил позитивен и Б примерокот покажал прекумерно ниво на тестостерон.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Жал ми е за Погба, многу работи му се случија. Тој е во комплицирана ситуација. Ќе мора да се брани, тоа е дел од долга процедура.

Се започна со допинг тест. Не знам што ќе му се случи, но тажно е тоа што се случува“, изјави Дешам.

Погба има 91 настап и 11 голови за Франција, со која го освои Светското првенство во 2018 година и Лигата на нации во 2021 година.

Дешам беше запрашан дали Погба има иднина во репрезентацијата. „Не знам што ќе се случи со него во иднина. Се надевам дека повторно ќе биде среќен и повторно ќе излезе на теренот, но ќе треба малку време“, одговори селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…