Во центарот на вниманието во медиумите во регионот во овој период е ситуацијата околу Иван Перишиќ и Хајдук.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Џенаро Гатузо на прес-конференцијата по вчерашниот натпревар против Локомотива изјави дека Перишиќ кој е исфрлен од првиот тим пред 20 дена побарал трансфер (TУКА).
Таквиот однос на Перишиќ кој пристигна и со голема еуфорија ги налутил навивачите кои се свртеа против него.
Но, сега хрватскиот портал „24сата“ објави информација дека Перишиќ побарал да замине поради Барселона. Наводно, германскиот стратег Ханси Флик со кого соработуваше во Баерн сакал да го доведе во тимот.
Чудно е Барселона да се интересира за Перишиќ кој претходно долго паузираше поради повреда. Но, ако навистина таа е причината Перишиќ во договорот има клазула според која до 29. август некој клуб може да го доведе за 200.000 евра.