Дома Фудбал Гатузо објасни зошто го исфрлил Перишиќ од првиот тим

Гатузо објасни зошто го исфрлил Перишиќ од првиот тим

Иван Перишиќ е една од најголемите ѕвезди во тимот на Хајдук, но тоа не го спречи Џенаро Гатузо да го исфрли од првиот тим.

Гатузо уште од играчките денови е познат како некој кој сака дисциплина во својот тим, па тоа го практикува и на клупата на Хајдук.

По вчерашниот натпревар против Локомотива во кој Хајдук испушти победа во последните моменти од средбата, Гатузо ја објасни ситуацијата со Перишиќ.

„Пред 20 дена, Перишиќ дојде во мојата канцеларија и ми кажа дека сака да замине. Ако некој не сака да остане, тогаш морам да го респектирам остатокот од тимот. Во соблекувалната постојат правила кои мора да се почитуваат.

Му дадов шанса да игра 20, 35 и 65 минути. Кога некој сака да замине може да доведе до погрешни размислувања. Сепак, ова не е затворена приказна, тој и понатаму е тука“, изјави Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Балoгун го одби Евертон, сега е прв на јануарската листа на Јувентус

Според „Тутоспорт“, Јувентус го ставил напаѓачот на Монако на врвот на своите желби за јан…