Дома Топ вести Дембеле размислува да остане, Барса чека тој да го направи првиот чекор

Дембеле размислува да остане, Барса чека тој да го направи првиот чекор

Не е исклучено Осман Дембеле сепак да остане во Барселона и после крајот на сезоната, пренесува каталонски „Спорт“.

Меѓутоа, клубот нема намера да го моли и очекува тој да го направи првиот чекор и да покрене иницијатива за продолжување на договорот.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Договорот на Дембеле истекува на крајот на сезоната и преговорите за продолжување на соработката пропаднаа. Раководството се сомнева дека тој веќе има договор со друг клуб и сака да си замине како слободен играч.

Според „Спорт“ ситуацијата е поинаква и Дембеле се уште не ја исклучува можноста да го продолжи договорот со Барселона.

Тој останал пријатно изненаден од односот кој го има Чави кон него и сега сериозно размислува да стави потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вечерва големо дерби во Лигата на шампонните!

Вечерва ќе се одиграат преостанатите натпревари од второто коло на новата сезона на Лигата…