Барселона се уште не може да постигне напредок во преговорите со Осман Дембеле за продолжување на соработката, пренесуваат шпанските медиуми.
Дембеле има договор со клубот до крајот на сезоната, се уште не дава одговор на понудата на Барселона и можно е на лето да си замине како слободен агент.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Медиумите од Франција сега пренесуваат дека Њукасл им ги мати плановите на Каталонците да го задржат напаѓачот.
Њукасл му ветува богатство на Осман Дембеле за да ја одбие Барселона и како слободен агент да се пресели на „Сент Џејмс Парк“.
Во трката за потписот на Дембеле сега се вклучи и Манчестер Јунајтед кој е спремен да му понуди 15 милиони евра по сезона.
Barca may have company when it comes to Dembélé…https://t.co/GLbGYLmA9q
— Football España (@footballespana_) November 26, 2021