Како гром од ведро небо утрово одекна веста дека Ријад Марез се простува од фудбалот.
На официјалната страна на алжирскиот фудбалер се појави порака преку тој најави крај на кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа подоцна се покажа дека тоа не се негови зборови и дека неговиот профил е хакиран, тоа го порачаа и од неговиот клуб Лестер.
Ријад Марез има само 27 години и веројатно не ни помислува на крај на кариерата, посебно не поради повреди со кои никогаш премногу не се мачеше, па ова ќе остане само уште една во низата измами во кој е вмешан Алжирецот, „ни крив, ни должен“.
Да потсетиме, Марез неодамна имаше проблем со личност кој се претставуваше како тој и на новинарите им давал „ексклузивни“ информации за неговиот трансфер во Барселона, а потоа во Манчестер Сити.