Барселона во текот на целото лето се обидуваше да го продаде Френки Де Јонг, но без успех, па Холанѓанецот остана на „Камп Ноу“.
Барселона се договори со Манчестер Јунајтед за трансфер вреден 85 милиони евра за 25-годишниот фудблер од средниот ред, но тој одби да разговара за трансфер.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Потоа интерес за него покажаа и Челзи и Баерн Минхен, а Барса од него побара да замине или да прифати намалување на патата.
За Барселона најголем проблем е високата плата, бидејќи Де Јонг оваа сезона треба да добие 18 милиони евра, заедно со заостанатите бонуси од минатите сезони.
Поради тоа Барселона повторно ќе се обиде да го продаде во зимскиот преоден рок, а неколку европски гиганти се заинтересирани за Де Јонг.