Дома Фудбал Репрезентации Де Брујн за Лигата на Нации: Неважно натпреварување, преценети пријателски натпревари

Де Брујн за Лигата на Нации: Неважно натпреварување, преценети пријателски натпревари

Eден од најдобрите фудбалери во светот, е револтиран што мора да игра во Лигата на нации веднаш по долгата, стресна и напорна сезона. И тоа дури четири натпревари за десет дена.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Неговата Белгија од 3. до 13. јуни двапати ќе игра против Полска и по еднаш со Холандија и Велс.

На Де Брујн посебно не му се допаѓа тоа што Лигата на Нации треба да ја игра во јуни кога фудбалерите се уморни после се што се случувало во текот на сезоната.

„Лигата на нациите е неважна. Тоа се само преценети пријателски натпревари кои сега треба да ги играме после долгата и тешка сезона. Воопшто не се радувам на овие натпревариу“. – изјави Де Брујн наспроти исцрпувачкиот распоред во Лигата на нации.

Белгискиот ас од минатото лето одигра 45 натпревари за Манчестер Сити и четири за националниот тим. Меѓу нив се и поразите во полуфиналето и мечот за третото место во Лигата на нации. Во овој период тој беше принуден да паузира речиси два месеци поради повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ваква прослава не сте виделе:Фудбалер извади нешто неочекувано и го покажа кон камерата (Видео)

Фудбалерите на Интер од Торонто синоќа на свој терен убедливо го победија Атлетико од Отав…