Oдличниот фудбалер би можел да тргне на пат кон Милано.
Според информациите на „Скај Спорт“ овој јануари би можеле да видиме голема борба помеѓу Интер и Рома.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Причината е Родриго Де Паул.
Фудбалерот на Удинезе има фантастична сезона зад себе, а според статистиката е еден од најдобрите играчи на Апенините.
Офанзивниот играч за врска учествуваше во половина од головите на „Зебрите“ кои тешко ќе го задржат во своите редови.
Интер се наоѓа во „пол-позиција“ бидејќи Де Паул наводно им соопштил на своите пријател дека за него подобар избор е Милано.