Дома Фудбал Репрезентации Далиќ за одлуката на Манџукиќ: Заминува во голем стил

Далиќ за одлуката на Манџукиќ: Заминува во голем стил

Изненадувачка вест стигна од репрезентацијата на Хрватска – Марио Манџукиќ после 11 години играње за националниот тим одлучи емотивно да се прости од дресот на репрезентацијата.

32 годишниот напаѓач својот последен натпревар во дресот на Хрватска го одигра во финалето на Светското првенство против Франција. За 11 години играње за Хрватска, Манџукиќ запиша 89 настапи и постигна 33 погодоци.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


После напуштањето на Манџукиќ во јавноста се огласи селекторот на Хрватска, Златко Далиќ.

„Кога Марио ме повик и ме извести за својата одлука, секако дека ми е жал што нема да игра за репрезентацијата, но апсолутно ја разбирам и почитувам неговата одлука“.

„Се прости во голем стил, со три гола во елиминационата фаза на Светското првенство и среброто кое е најголем успех во историјата на хрватскиот фудбал“, изјави Далиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …