Дома Фудбал Дали Сетиен ќе остане тренер на Барса зависи од Лигата на шампионите?

Дали Сетиен ќе остане тренер на Барса зависи од Лигата на шампионите?

Кике Сетиен работеше одлично во Бетис, а потоа после заминувањето на Ернесто Валверде доби прилика да седне на клупата на Барселона.

Сетиен со Барселона потпиша договор до летото 2022 година, а на дебито на клупата на каталонскиот гигант неговиот тим тешко славеше на домашен терен против Гранада со 1:0.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Има време Сетиен да ги „сложи коцките„, но лесно би можело да се случи кормилото на Барселона да го напушти после само половина година без оглед на договорот кој го потпиша.

„БеИН“ пишува дека искусниот шпански стратег ќе остане на кормилото на Барселона само ако ја освои Лигата на шампионите. Во случај тоа да не се случи, Сетиен наводно ќе биде заменет од Чави.

Чави недомна потврди дека имал понуда од Барселона и објасни дека ја одбил понудата затоа што според него не било вистинско време, меѓутоа изрази желба во иднина да седне на клупата на клубот каде што ги помина најдобрите денови како играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…