Дома Фудбал Англија Дали Мурињо претера? Еве како го дефинираше мечот против Селта!

Дали Мурињо претера? Еве како го дефинираше мечот против Селта!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо во мотивацијата пред вечерашниот натпревар против Селта и го дефинира како најважен во историјата на клубот.

Манчестер Јунајтед имаат минимална предност од 0:1 од првата средба во Шпанија, а вечерва на „Олд Трафорд“ ќе се обиде да го завери пласманот во финалето од Лига Европа.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Моето чувство е дека овој натпревар е најважен во нашата историја. Не зборувам за себе. Зборувам за играчите и клубот. Трофеите се многу важни и од големо значење е да играме финале на европско клупско натпреварување. За овие фудбалери ќе биде успех“, истакна Специјалниот.

„Ситуацијата е едноставна. Игравме 17 натпревари во седум недели со 16 играчи. Тоа е невозможно. Губевме и губевме натпреварувачи и за краток интервал изгубивме четворица, Смолинг, Џонс, Рохо и Златан. Тоа е ситуацијата и треба да продолжиме да се бориме. Ако не се пласираме во Лигата на шампионите за следната сезона, тоа ќе биде бидејќи не сме биле доволно добри“, заклучи Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манекенка од забавата на Јамал ја „отвори душата“: Ни платија од 10.000 до 20.000 евра за да дојдеме

Ѕвездата на Барселона Ламине Јамал на голем стил го прослави својот 18-ти роденден. Органи…